Ентони Гормли

/Ентони Гормли
Ентони Гормли 2018-08-21T17:18:15+00:00

Project Description

Во кариерата која се протега низ речиси 40 години, Ентони Гормли изработил скулптури кои го истражуваат односот на човечкото тело со големиот простор, експлицитно во големи инсталации како што се ДРУГО МЕСТО, ДОМАШНО ПОЛЕ и ВНАТРЕ ВО АВСТРАЛИЈА, а имплицитно во дела како што се ЧИСТЕЊЕ, СОБА ЗА ДИШЕЊЕ, и СЛЕПА СВЕТЛИНА, каде делото станува рамка низ кој гледачот станува гледан. Користејќи го сопственото постоење како полигон за тестирање, делото на Гормли го претвора местото на субјективното искуство во место на колективна проекција. Со тек на време, уметникот ова почна да го спроведува надвор од галерии, вовлекувајќи ја јавноста во активно учество, како во ГЛИНА И КОЛЕКТИВНО ТЕЛО (Хелсинки) и познатата ЕДЕН & ДРУГИОТ поставена на лондонскиот Трафалгар Сквер.
Делата на Гормли се изложувани на самостојни изложби во Велика Британија, Данска, Шведска, Германија, Кина, Мексико, Австрија и Русија. Гормли учествувал и на групни изложби во Њујорк (МОМА), Лос Ангелес, Венециското биенале и Документа 8 (Касел, Германија). Некои од главните јавно изложени дела му се АНГЕЛ ОД СЕВЕРОТ (Гатисхед), ДРУГО МЕСТО (плажата Крозби во Ливерпул) и ХАБИТАТ (Енкориџ, САД).
Гормли ги добил Тарнеровата награда во 1994, Наградата на Саут Бенк за визуелна уметност во 1999, и Наградата Бернард Хајлигер за скулптура во 2007 година. Почесен член е на Институтот на британските архитекти, почесен доктор на Универзитетот во Кембриџ и соработник на колеџот Тројство и Исус во Кембриџ. Член е на Кралската академија од 2003, и на Поверенството на Британскиот музеј од 2007 година.
Роден е во Лондон, 1950-та.
http://www.antonygormley.com/

Related Articles