Емил Алексиев

/Емил Алексиев
Емил Алексиев 2022-07-12T06:22:38+00:00

Project Description

Емил Алексиев – Историчар на уметноста, ликовен критичар и теоретичар, есеист, писател и поет. Роден во Скопје. Основно училиште и гимназија завршил во Скопје. Од 1982 година, паралелно со студиите, работи во Музеј на град Скопје. Во 1987 година дипломира на Институтот за историја на уметноста со археологија – Филозофски факултет, Скопје. Од 1998 година до 2000 година е раководител на Одделот за историја на уметноста во Музејот на град Скопје. Од 2000 до 2007 година е директор на Музејот на современата уметност – Скопје. Од 2008 година до денес работи како Советник во Музејот на град Скопје. Објавил над стотина есеи, ликовни критики и текстови за теоријата на визуелните уметности. Организирал над стотина изложби на македонски и уметници од странство во земјава и во светот. Автор е на низа значајни студии од областа на историјата на уметноста и монографии за творештвото на македонски уметници. Позначајни трудови се студиите за творештвото на Димитар Дичо Зограф (Ѓурѓа, Скопје 1997), Сергеј Андреевски (МГС, Скопје 1998), Димитар Кондовски (Сигмапрес, Скопје 2001),) Данчо Кал’чев (МГС, Скопје, 2009), Таки Павловски (МГС, Скопје, 2011), како и монографиите за животот и делото на ДИМИТАР КОНДОВСКИ (МАНУ, Скопје 2004), на ВЛАДИМИР ГЕОРГИЕВСКИ (МГС, Скопје 2019) и на РОБЕРТ ДАНДАРОВ (МГС, Скопје 2020), КОНДОВСКИ (Национална галерија на РСМ, Скопје 2022, како и историјата на уметноста XX ВЕК: ЛИКОВНА УМЕТНОСТ ВО МАКЕДОНИЈА – Македонија, милениумски културно-историски факти („Медиа Принт Македонија“ и Универзитетот „Евро Балкан, Скопје, 2013) и антологијата на современата македонска уметност ВИЗУЕЛНИТЕ УМЕТНОСТИ ВО МАКЕДОНИЈА – XX ВЕК, сликарство-скулптура-графика (ОСТЕН, Скопје, 2015).

Објавил збирки есеи КУСИ РЕЗОВИ (Ѓурѓа, Скопје 2004) и КОГА ЛАВОТ ГО ИЗЕДЕ СОНЦЕТО (Темплум, Скопје, 2016), романот КНИГА ЗА ПЕКОЛОТ (Темплум, Скопје, 2019) и збирката поезија БОЕЊЕ НА ЖИВОТОТ (Феникс, Скопје 2021).

Related Articles