Д. Х. Лоренс

/Д. Х. Лоренс
Д. Х. Лоренс 2018-08-21T17:18:17+00:00

Project Description

Дејвид Херберт Лоренс (11 септември 1885 – 2 март 1930) бил англиски писател, поет, драмски писател, есеист, книжевен критичар и сликар кој објавувал под името Д. Х. Лоренс. Неговото целокупно дело претставува длабока размисла за дехуманизирачките ефекти на модерноста и индустријализацијата. Лоренс разработува теми кои се однесуваат на емоционалното здравје и виталноста, спонтаноста и инстинктот.
Поради своите идеи, во втората половина од својот живот, период кој тој го нарекол „дивјачки аџилак “, Лоренс се стекнал со голем број непријатели и бил изложен на јавен прогон, цензура и искривоколчено толкување на неговите дела. Пред да почине, јавноста го сметала за порнограф кој го изарчил својот значителен талент. Во посмртницата за него, Е. М. Форстер го менува овој општо прифатен поглед, опишувајќи го како „Најголемиот имагинативен романсиер од нашата генерација“. Подоцна, влијателниот критичар од Кембриџ, Ф. Р. Ливис ги слави неговиот уметнички интегритет и неговата морална цврстина, вбројувајќи го најголемиот дел од прозата на Лоренс во рамките на канонската „велика традиција“ на англискиот роман. Сега, Лоренс од многумина е славен како визионерски мислител и значаен претставник на модернизмот во англиската книжевност.

Related Articles