Драгана Кршенковиќ Брковиќ

/Драгана Кршенковиќ Брковиќ
Драгана Кршенковиќ Брковиќ 2018-08-21T17:18:21+00:00

Project Description

Драгана Кршенковиќ Брковиќ, црногорска писателка, авторка е на романите Ателанска игра и Загубен печат, збирките раскази Оган во Александрија и Господарска палата, збирката едночинки (трилогија) Зад невидливиот ѕид и на книгите за деца – Тајната на синиот кристал, Духот на Езерото Манито, Тајната на тајната и Музичар со цилиндар и со цвет во реверот.
Дипломирала драматургија на Факултетот за драмски уметности и на Факултетот за политички науки во Белград. Магистрирала книжевност на Филозофскиот факултет при Универзитетот на Црна Гора.
Како стипендист, гостувала во неколку земји. Добитничка е на неколку награди. Текстовите ѝ се преведувани на англиски, германски, македонски, бугарски, руски и полски јазик.

Related Articles