Денис Левертов

/Денис Левертов
Денис Левертов 2018-08-21T17:17:55+00:00

Project Description

Денис Левертов (1923-1997), една од најпознатите американски поетеси на дваесеттиот век е родена во Илфорд, Есекс, Англија, во 1923 година. Татко ѝ, Пол Левертоф, бил руски Евреин кој се пробратил и подцна станал англикански свештеник. Пишувал цел живот за врските меѓу јудаизмот и христијанството и ги канел Евреите на литургиите во Св. Ѓорѓи во Блумсбури. Им помагал на еврејските бегалци во Лондон за време на Втората светска војна. Беатрис Спунер-Џонс Левертоф, мајката на поетесата, била воспитана како конгрегалист и како и мажот ѝ, била вклучена во прашања од областа на политиката и човековите права. Агитирала во има на Унијата на лигата на нациите и се залагала за правата на германските и австриските бегалци од 1933 година.
Денис Леветов добила приватно образование и работела како медицинска сестра во Лондон за време на Втората светска војна. Се преселила во Америка во 1948 година, откако се омажила за Мајкл Гудман. Имаат еден син Николај Гудман, уметник и писател.
Левертов живееше во Самервил, Масачусец повеќе години додека предаваше на Брандис, МИТ и Тафтс. Се пресели во Сиетл во 1989 година и се насели блиску до езерото Вашингтон до планината Рејнер. Предаваше на Универзитетот во Вашингтон и продолжи како професор на Универзитетот Станфорд секој прв семестар од 1982 година. По пензионирањето во 1993, секоја година имала по неколку поетски читања и во САД и во Европа. Почина во 1997 година.
Левертов има објавено петнаесетина книги поезија, вклучувајќи ги и најпопуларните Избрани песни (1986) и Дишејќи ја водата (1987, 1988). Нејзината проза е собрана во Поетот во светот (1973) и Осветли ја пештерата (1981).

Related Articles