Дебора Кеј Дејвис

/Дебора Кеј Дејвис
Дебора Кеј Дејвис 2018-08-21T17:18:21+00:00

Project Description

Дебора Кеј Дејвис е родена во Понтипул и најголем дел од животот го минала во јужен Велс. Нејзината прва збирка поезија, „Нешта што мислиш дека не ги знаеш“ е објавена во 2006 година, а потоа следи збирката раскази „Грејс, Тамар и Ласло убавиот“ со која ја освои наградата Книга на годината на Велс во 2009 година.

Нејзините раскази се објавени во повеќе списанија и на Радио ББЦ 4.

Таа е магистер по настава и практика на креативно пишување, и доктор на науки по креативно и критичко пишување. Предавала креативно пишување на Универзитетот во Кардиф и Универзитетот во Гламорган.

Related Articles