Владимир Георгиевски

/Владимир Георгиевски
Владимир Георгиевски 2018-08-21T17:18:26+00:00

Project Description

Владимир Георгиевски е роден е на 1.6.1942 во Скопје, од татко Ефтим и мајка Фотка. Почина на 25 мај 2017 година.
По завршувањето на средното уметничко училиште се запишува на Академијата за ликовни уметности во Белград. Диполимира во 1958 година. Постдипломските студии ги завршува на истата Академија во класата на професор Младен Србиновиќ.
Работел и како професор на Архитектонскиот факултет и Факултетот за драмски уметности во Скопје од раните осумдесетти години до почетокот на новиот милениум.
Во целокупното творештво на Владимир Георгиевски, човекот и неговата судбина се постојана тема, естетска провокација и креативна преокупација. Во неговите слики, цртежи, рељефи, скулптури, театарски костимографии и сценографии се редат актери од сите слоеви на цивилизацијата: шпанскиот благородник Дон Кихот, Достоевски, Бах, Бетовен. Адам и Ева, како и светото тројство, драмата на распнувањето и оплакувањето. Мотивите на старите чевли, лебот, камењата, сувите лисја потсетуваат на трагите на човековото постоење.
Владимир Георгиевски исто така создал сценографски и костимографски решенија за преку 30 театарски претстави во Македонија и во земјите на поранешна Југославија.
Беше член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија. Излагал во сите центри на поранешна Југославија. Реализирал студиски патувања во Италија, Франција, Русија, Велика Британија, САД, Белгија и Холандија. Самостојни излагања имал во Скопје, Белград, Истанбул, Виена, Рим, Киев, Софија и Санкт Петерсбург.

Related Articles