Вирџинија Вулф

/Вирџинија Вулф
Вирџинија Вулф 2018-08-21T17:18:23+00:00

Project Description

Вирџинија Вулф (1882-1941) е англиска писателка, една од најзначајните претставници на модернизмот во Европа. Била значајна фигура во лондонската литературна заедница на почетокот од дваесеттиот век, особено во периодот по Првата светска војна. Припаѓа во таканаречената Блумсбершка група интелектуалци, што била многу влијателна во тоа време. Меѓу нејзините најпознати романи се Кон светилникот, Госпоѓа Даловеј и Орландо, но позната е и како автор на долгиот есеј Сопствена соба, еден од основните текстови во феминистичкото движење од првата половина на дваесеттиот век до сега. Вулф страдала од ментални проблеми и извршила самоубиство со давење.

Related Articles