Вилијам Климачек

/Вилијам Климачек
Вилијам Климачек 2018-08-21T17:18:01+00:00

Project Description

Вилијам Климачек (1958) – поет, прозаист, драматург, автор на книги за деца и младина, театролог. Дебитирал со стихозбирка во која го преферира детскиот и студентскиот сленг, а во која песните се карактеризираат со кршење на синтаксичките правила и со игрив поглед кон животот. Во збирката раскази Далекоглед (1991) врз истите принципи предава кратки хумористични текстови со „свеж материјал“ од студентската и од воената средина, а игриво се сосредоточува и врз графичкиот елемент на текстот. Во книгата Карамелки (1992) ја тематизира својата посветеност кон џезот, а играта со зборовите и графичката реализација ја претставува во форма на калиграми, како и со пародични, гротескни и апсурдни постапки. Романи: Паничар во подземјето (1997), Вања Крутов (1999), Нада има време (2002), English is easy, Csaba is dead (2004) – издаден под псевдонимот Петер Докторов. Автор на поголем број драми. Романот Плоштадот на космонаутите (2007) беше прогласен за роман на годината во Словачка, а ја освои и премијата од читателите на дневниот весник Сме.

Related Articles