Верче Карафилоска

/Верче Карафилоска
Верче Карафилоска 2018-08-21T17:18:24+00:00

Project Description

Верче Карафилоска (1994), студент на Економскиот факултет во Скопје. Во 2013 година, со расказот „Мукавени ѕвезди“, го освојува првото место на традиционалниот анонимен конкурс за краток расказ на дневниот весник „Нова Македонија“, а следната година, за расказот „Коси од розова волница“, ја добива и наградата за краток расказ „Живко Чинго“. Во 2015 година со неколку раскази е учесник во проектот на ЕВН и „Табернакул“ – „Раскази.мк“ (книга втора). Истата, 2015 година, од печат излегува нејзиниот прв роман „Бездомникот со златен часовник“, во издание на Матица Македонска.

Related Articles