Васко Маглешов

/Васко Маглешов
Васко Маглешов 2018-08-21T17:18:23+00:00

Project Description

Васко Маглешов дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје во 2008 година, на Катедрата за општа и компаративна книжевност – научна насока. По дипломирањето работи во телевизија Сител како новинар во утринската програма на теми од областа на културата и образованието, а потоа и како новинар, уредник и презентер на пладневните вести.
Во 2011 година, почнува да работи во ТРД 24 Вести како презентер. Во 2012 година магистрира на Философскиот факултет, на Институтот за социологија на тема „Влијанието на политиката во европскиот културен простор“. Поле на научен истражувачки интерес се влијанието на културата во општествените промени, културолошките теории и социолошки парадигми…
Објавува статии и есеи за книжевноста и културата во интермедијален контекст.

Related Articles