Бела Глигорова

/Бела Глигорова
Бела Глигорова 2018-08-21T17:18:15+00:00

Project Description

Бела ГЛИГОРОВА е професор и преведувач, на релација меѓу два града, Белград и Скопје. Во 2002 година, како Фулбрајтов стипендист, ги започнува своите постдипломски студии на Универзитетот во Канзас, во САД. Нејзиниот истражувачки интерес, тогаш, а и подоцна, како студент на докторската програма на Универзитетот во Лидз (Велика Британија), е поттикнат од две клучни прашања, во областите на перформативната теорија и американските студии, имено – местото на сеќавањето во повеќеслојната текстуалност, и, местото на авто/етно/биографските елементи во критичката педагогија. Дел од ова истражување е публикувано, во 2009, како дел од антологијата Life Writing: the Spirit of the Age and the State of Art, уредено од страна на Мег Јенсен и Џун Џордан. Во моментов, ја привршува својата пост-докторска година на Универзитетот на уметностите, во Белград (Србија).

Бела Глигорова била уредничка на Блесок Есеи и Блесок Критика.

Related Articles