Антонин Арто

/Антонин Арто
Антонин Арто 2018-08-21T17:17:53+00:00

Project Description

Антонин Арто (1896-1948), француски поет, драматург и актер, чии теории и трудови влијаеле на развојот на експерименталниот театар. Роден е и се школувал во Марсеј. Заминал во Париз во 1920. и станал сценски изведувач. Во 1927. го ко-основа театарот Алфред Жари, каде што ја поставува и својата драма Сенси (1935), илустрација на неговиот концепт на театарот на грубоста. Арто го користи овој термин за да го дефинира новиот театар кој го минимизира говорот и се заснова на комбинации од физички движења и гестови, неодредени звуци и елиминирање на конвенционалните просторни аранжмани и поставки. Со нарушување на сетилата на публиката, гледачот е принуден да се соочи со внатрешното, примарно себство, соголено од неговата цивилизациска лушпа. Истоштен од постојани физички и ментални болести, Арто не можел да ги оствари своите теории. Неговата книга Театарот и неговиот двојник (1938) опишува театарски модели кои подоцна, сепак, стануваат одредници на модерниот театар, театарот на апсурдот и на енвироменталниот и ритуалниот театар.

Related Articles