Анте Поповски

/Анте Поповски
Анте Поповски 2018-08-21T17:17:46+00:00

Project Description

поет, есеист, препејувач, публицист. Роден е на 3 јуни 1931 година во с. Лазарополе, Дебарско. Завршил Медицински факултет во Скопје. Бил член на Извршниот совет на Македонија, директор на весникот „Нова Македонија“ и „Вардар филм“ во Скопје, потпретседател на Републичката комисија за културни врски со странство, претседател на ДПМ во два мандата и претседател на Советот на СВП (1966/67 и 1978/79). Член на МАНУ. Член на Македонскиот ПЕН центар. Член на ДПМ од 1956 година.
Автор е на книгите: Одблесоци (поезија, 1955), Вардар (поезија, 1958), Самуил (поезија, 1963), Непокор (поезија, 1964), Камена (поезија, 1972), Тајнопис (поезија, 1975), Љубопис (поезија, 1980), Родопис (поезија, 1981), Сина песна (поезија, 1984), Глас од дамнина (публикација од литературно-историски и поетолошки карактер, 1986), Ненасловена (поезија, 1988), Оковано време (статии и коментари, 1991), Меѓу животот и знаците (есеи, 1991), Провиденија (поезија, 1995), Окото, светлините (есеи, 1996). Составувач е на Светата земја на зборот, антологија на јидиш поезијата, и на Орфеј и Исус – библиски мотиви во современата македонска поезија (2000). Избори од неговата поезија во посебни книги се објавени во Албанија, Грција, Франција, Русија, Турција, Италија, Германија, Велика Британија, Индија. Преведувач на автори од светската поезија и есеистика.
Добитник е на наградите: „Браќа Миладиновци“ , „11 Октомври“, „Кочо Рацин“, „Гоцева повелба“ и на Меѓународната награда за најдобра песна “Premio Europa”.

Починал во 2003 година.

Related Articles