Андреј Е. Скубиц

/Андреј Е. Скубиц
Андреј Е. Скубиц 2018-08-21T17:17:57+00:00

Project Description

Андреј Е. Скубиц е роден 1967 год., почнал да објавува во словенечките книжевни списанија во 1989 год. Во 1999 год. го објавил својот прв роман „Горчлив мед“ што ја доби наградата Кресник 2000 за најдобар роман на годината и наградата на Друштвото на издавачите и книжарите на Словенија за најдобра дебитантска книга. Неговиот втор роман „Фужински блуз“ беше објавен во 2001 год. и беше номиниран за наградата Кресник 2001. Романот е преведен на чешки, се преведува на српски и англиски, во сезоната 2005/6 драматизација на романот беше поставена на сцената на Драмскиот театар во Љубљана. Во 2004 год. излезе неговата прва книга куси раскази „Лудница“, а во 2005 год. неговата социолошко-лингвистичка студија „Лица на јазикот“ која темели на неговата докторка дисертација. Живее во Љубљана како самостоен културен творец.
Превел повеќе ирски и шкотски романи (Флен О Брајан, Ирвин Велш, Патрик Мек Кејб, Џејмс Џојс, Семјуел Бекет) и уредил антологија на современиот шкотски кус расказ која во 2002 год. ја објави издавачката кѕуќа Апокалипса. Неговата проза во периодиката излезе на англиски, чешки, босански, унгарски, германски, руски и полски, а беше објавена и во повеќе антологии.

Биобиблиографија:

1999: Горчлив мед (роман), ДЗС, Љубљана
2001: Фужински блуз (роман), Штудентска заложба, Љубљана
2004: Лудница (куси раскази), Штудентска заложба, Љубљана
2005: Лица на јазикот (есеи), Штудентска заложба, Љубљана

Книжевни преводи:

2005: Фужински блуз, Ветерни млини, Брно.

Превод на германски:

2004: Фужински блуз (извадок) во Literatur und kritik (септември 2004), Виена.

Related Articles