Андреа Писац

/Андреа Писац
Андреа Писац 2018-08-21T17:17:48+00:00

Project Description

Андреа Писац е родена во Кутина, Хрватска, на 26 февруари 1975. Започнува да пишува многу рано: на 16 години освојува меѓународна награда за кус расказ. Дипломирала хрватски и англиски јазик и книжевност на Универзитетот во Загреб. Објавува во Књижевна ревија, Плима, Либра/Либера, Tema и Зарез.
Патувала низ Европа, соработувајќи со различни книжевни кругови. Меѓу земјите коишто и’ се најпознати ги вбројува Шпанија, Велика Британија, Италија, Чешка и Унгарија. Една учебна година минала во Австрија, предавајќи им го мајчиниот јазик на етничките Хрвати.
Секогаш насочена кон новите начини на литературна презентација, објавува во интернет списанија и е една од зачетниците на првиот хрватски хипертекст Миксал, Вендерс и јас.
Нејзината наградена збирка раскази Отсуство е објавена во Хрватска во 2001. по завршувањето на пост-дипломските студии од Теоријата на литературата во Загреб, се сели во Лондон каде што добива стипендија за уште едни магистарски студии. Во моментов подготвува докторат по визуелна антропологија на колеџот Голдсмит во Лондон, и работи во Англискиот П.Е.Н. центар како координатор на проектот Писатели во превод.

Related Articles