Анастасија Ѓурчинова

/Анастасија Ѓурчинова
Анастасија Ѓурчинова 2018-08-21T17:18:17+00:00

Project Description

Анастасија Ѓурчинова е родена на 20.06.1963 година во Скопје.
Основно и средно образование завршила во Скопје.

Дипломирала на Филолошкиот факултет во Скопје во 1985 година на Групата за Општа и компаративна книжевност (средна оценка 9,94).
На истиот факултет завршила и студии по Италијански јазик и книжевност како втор главен предмет.

Постдипломски студии од областа на книжевната наука завршила на Филолошкиот факултет во Белград, каде што во 1992 година на Катедрата за италијанистика го одбранила магистерскиот труд под наслов Преобразба на бајката во творештвото на Итало Калвино.

Докторска дисертација, под наслов Рецепцијата на италијанската литература во Македонија во XIX и XX век, одбранила во 2000 година на Филолошкиот факултет “Блаже Конески” во Скопје.

Од 1987 до 2001 година работела во Институтот за македонска литература во Скопје, во Одделението за теорија на литературата и компаративна книжевност.
Учествувала во работата на следните научно-истражувачки проекти:
Македонско-странски книжевни и културни врски
,
Проникнувања помеѓу македонската и светската книжевност,

Критичките модели во македонската литература во светлината на светската книжевно-теоретска мисла
,
Имагологија – сликата за Другиот во современата македонска литература
и
Македонскиот книжевен лексикон.

Во соработка со колегите од Одделението ја покренала едицијата зборници од областа на компаратистиката, под наслов Книжевен контекст.
Била член на редакцијата и извршен уредник на списанието за литературна наука Спектар.

Од 1.02.2002 година работи како доцент на Групата за италијански јазик и книжевност при Филолошкиот факултет “Блаже Конески” во Скопје.

Претседател е на Друштвото за компаративна книжевност на Македонија и потпретседател на Институтот Данте Алигиери во Скопје.

Остварила повеќекратни студиски и истражувачки престои на неколку универзитети и институции во Италија:
– летен курс за италијански јазик во Гарњано дел Гарда, во организација на Универзитетот во Милано, јули 1984
– летен курс за италијански јазик во Бресаноне, во организација на Универзитетот во Падова, август 1984
– курс за италијанска култура во организација на Фондацијата Чини во Венеција, септември 1986
– курс за италијанисти во организација на Фондацијата Чини во Венеција, јули 1989
– четиримесечен студиски престој на Универзитетот во Удине, март-јули 1995
– седумдневен истражувачки престој на Катедрата за компаративна книжевност при Универзитетот “Ла сапиенца” во Рим, мај 1998
– учество на тринеделниот кампус од областа на интеркултурните односи “Порто Франко”, во организација на Регионот Тоскана, јули-август 2000
– седумдневен студиски престој на Катедрата за компаративна книжевност при Универзитетот “Ла Сапиенца” во Рим, декември 2001
– седумдневен престој во Италија, како гост на Универзитетот во Бари и на поетскиот центар Еуџенио Монтале во Рим

Учествувала на поголем број научни собири, семинари и конференции во земјата и во странство.

Во литературната и научната периодика објавува научни трудови и статии од областа на компаратистиката и италијанската книжевност.

ПУБЛИКАЦИИ

КНИГИ (Студии)
1. Калвино и сказната, Скопје, Институт за македонска литература и “Култура”, 2000
2. Италијанската книжевност во Македонија, Скопје, Институт за македонска литература 2001
3. Прличев и Ариосто – или за смеата и меланхолијата, Скопје, Магор 2002

ПРИРЕДЕНИ КНИГИ:

1. Николо Макијавели, Владетелот, превод од италијански јазик и поговор: Анастасија Ѓурчинова, Скопје, Култура 1993
2. Тајна игра. Антологија на италијанскиот расказ на XX век, избор, превод од италијански јазик и предговор: Анастасија Ѓурчинова, Скопје, Сигмапрес 1996
3. Едоардо Сангвинети: Poesie – Поезија, избор од поезијата и поговор: Анастасија Ѓурчинова, Струга, Струшки вечери на поезијата 2000
4. Luigi Manzi / Луиџи Манци: Rosa corrosa / Распукната роза, избор од поезијата и предговор: Анастасија Ѓурчинова, Скопје, Магор 2003

Related Articles