Алеш Мустар

/Алеш Мустар
Алеш Мустар 2018-08-21T17:17:43+00:00

Project Description

АЛЕШ МУСТАР, роден 1968 во Љубљана, Словенија е поет и преведувач. Дипломирал англиски јазик и книжевност на универзитетот во Љубљана, а докторирал од областа на романската драматургија на универзитетот во Букурешт, Романија. Преведува романска и македонска книжевност на словенечки јазик. Ја објавил поетската збирка „Суд(бин)ско толкување“ (2005 год.) која беше номинирана за најдобра дебитантска поетска збирка, препеана на македонски (Блесок, 2007) и на англиски (Блат Букс, 2008). Неговата втора поетска збирка „Средни години“ тукушто излезе при Центарот за словенечка книжевност во Љубљана. Алеш Мустар се занимава и со алтернативен театар. Живее и работи како слободен уметник во Љубљана.

Related Articles