Алеш Дебељак

/Алеш Дебељак
Алеш Дебељак 2018-08-21T17:17:49+00:00

Project Description

Алеш Дебељак, (1961 – 2016) дипломирал компаративна книжевност на Филозофскиот факултет во Љубљана, докторирал социологија на културата на Универзитетот Сиракјуз во Њу Јорк. Бил Фулбрајтов стипендист на калифорнискиот универзитет Беркли, работел на Институтот за напредни студии во Будимпешта, бил советник во центрите Сивитела Раниери и Болјаско Лигурија. На словенечки објавил 14 книги културолошки есеи и осум книги поезија, ги превел избраните песни на Џон Ешбери и книга за социологија на знаењето, а уредил и повеќе антологии. Добитник е на повеќе меѓународни, југословенски и словенечки награди, меѓу кои и националната Прешернова награда и титулата Амбасадор на наука на Република Словенија. Книгите му се објавени во превод на англиски, јапонски, германски, француски, хрватски, српски, македонски, полски, литвански, романски, албански, фински, унгарски, чешки, словачки, шпански, каталонски и италијански. Уредник е на меѓународните списанија за култура Сараевски тетратки и Verse, и гостин-уредник на Cultural Sociology и www.fastcapitalism.com. Постојан гостувачки професор е на колеџот Европа во Варшава, а во 2006/07 бил професор по Меѓународни студии на Универзитетот Нортвестерн во Чикаго. Редовен професор по културологија на Факултетот за општествени науки при Универзитетот во Љубљана. Член е на Европскиот совет за меѓународни односи (Лондон-Берлин-Париз-Мадрид-Софија). Со својата жена, писателката Ерика Џонсон Дебељак, и нивните три деца, живее во Љубљана.

Алеш Дебељак беше член на Меѓународниот уредувачки одбор на Блесок.

Related Articles