Алан Титли

/Алан Титли
Алан Титли 2018-08-21T17:17:59+00:00

Project Description

Алан Титли е роден во 1947 година во Корк. Студирал ирски, философија и англиски на Универзитетот во Даблин. Бил предавач по образование и историја во Нигерија, при што многу патувал низ Африка. Предавал на Школата за глуви момчиња во Кабра. Бил шеф на Ирската катедра на колеџот Св. Патрик во Драмкондра од 1981 до 2006, кога е назначен за професор по современ ирски на Универзитетот во Корк. Освен проза (романи, раскази, бајки), пишува и драми. Годо се појавува е поставена во 1990, а An Ghráin agus an Ghruaim во 1999 година. Драмите му се изведувани и на радијата ББЦ и РТЕ. Добитник е на многу награди. Најновиот роман за млади, Амах (2004) е добитник на наградата Бисто. Живее и работи во Корк.

Related Articles