Тихомир Јанчовски

//Тихомир Јанчовски
Тихомир Јанчовски 2026-04-07T16:30:13+00:00

Project Description

Тихомир Јанчовски (24 август 1967 – 30 јануари 2026) — писател, професор, преведувач и колумнист. Роден во Скопје. Основно и гимназија завршил во родниот град. Дипломирал општа и компаративна книжевност на УКИМ (1991), специјализирал средновековни студии во Унгарија (1996), магистрирал современа историја (2008). Пред да наполни 30 години, освен во Скопје живеел во Брисел, на островот Скијатос, во Амстердам, Лондон и Будимпешта. Работел како новинар, музичар, колумнист, уредник, преведувач и професор по јазик, литература, академско пишување и разни општествени науки (светска историја, македонска историја, географија, социологија, историја на Европа…). Објавил единаесет книги поезија, три романи, детска книга со басни и една книга колумни.

Избори од неговата поезија се преведувани и објавувани во различни литературни списанија и преведуван е на петнаесетина светски јазици.

Застапуван е во голем број антологии и избори од националната, балканската и светската поезија.

Од 2013 до 2016 објавувал колумни во Утрински весник, во рубриката „Рурбано“. Исто и на офф.нет, рубрика „Исповеди“.

Related Articles