Project Description
Теодозија Заривна е украинска поетеса, есеист, романсиер, драматург, новинар, преведувач, литературен и театарски критичар, писателка, како и долги години водител на литературни и културни ТВ-програми. Нејзините дела се преведени на англиски, германски, португалски, италијански, грчки, шпански, француски, македонски, полски, чешки и романски јазик. Автор е на седум книги поезија, меѓу кои: Дејствување во круг, Провинциски мисли, Од пепелта и Метал. Нејзиниот роман Тишината на цезиумот е објавен на полски минатата година. Има издадено и пет романи, збирка раскази, две драми и многу сценарија за документарни филмови. Ги има преведено од англиски на украински јазик драмите на Артур Милер, Брајан Фрил, Душан Ковачевиќ, Доналд Черчил, Тенеси Вилијамс. Преведува поезија од англиски и полски. Добитник е на голем број престижни книжевни награди. Моментално живее во Киев. Од ноември 2014 година, Теодозија Заривна е главен уредник на литературното списание Киев во Украина.