Тасос Ливадитис

/Тасос Ливадитис
Тасос Ливадитис 2025-10-08T16:44:32+00:00

Project Description

Тасос Ливадитис (Анастасиос Пантелејмон Ливадитис) е грчки поет, роден во Атина, во 1922 година. Својата прва песна ја објавува во 1946 г. Учествувал во отпорот против окупацијата. Од 1948 до 1952 бил прогонет во егзил со други левичарски уметници и мислители како Јанис Рицос, Арис Александру, Манос Катракис и др. Ги објавил книгите: Битка на работ од ноќта, Оваа ѕвезда е за сите нас, Дува на раскрсницата на светот, за која бил приведен во полиција, потоа книгите: Ноќен посетител и Темјанушки за една сезона. Негова најзначајна книга е Жени со коњски очи од 1958, а била објавена и негова постхумна збирка песни. Соработувал со списанието „Авги“ од 1954 до 1980 година. Се занимавал и со книжевен превод. Умира во 1988 година. Ги добил наградите: Прва поетска награда на Светскиот младински поетски фестивал во Варшава, 1953, Прва поетска награда на Градот Атина во 1957 и многу други.

Related Articles