Project Description
Тамара Јолевска Попов (1987) е родена во Скопје, средно образование завршува во Бромсгоув, Велика Британија, на уметничкиот колеџ во Бирмингем, а дипломира на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на Катедрата по англиски јазик и книжевност. Магистрирала на Универзитетот Американ колеџ Скопје, а во моментот е докторанд по англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.
Авторка е на 2 збирки кратки раскази: „Ге-дур“ (2013) во издание на Или-или и „Скопје, ти раскинуем“ (2019) во издание на ПНВ публикации.
Работи како виш лектор на Универзитетот Американ колеџ.