Сотирис Минас

/Сотирис Минас
Сотирис Минас 2025-10-08T16:46:39+00:00

Project Description

Сотирис Минас е роден во 1981 година во Солун, дипломирал Историја и археологија и живее во Атина. Се занимава со книжевен превод од македонски на грчки, и обратно. Објавувал преводи во печатени и електронски медиуми, а од македонски на грчки го превел последниот награден роман на Лидија Димковска „Единствен матичен број“, кој треба да излезе од печат во ноември оваа година. Од грчки на македонски ја превел драмата на Танасис Триаридис „Животен простор“. Пишува и преведува за електронскиот весник „Е-Кокини“. Учествувал на универзитетски и книжевни настани во Скопје и во Солун, промовирајќи ги македонската литература и соработката меѓу двата народа.

Related Articles