Project Description
Славенка Дракулиќ (1949) е новинарка и писателка, родена во Риека. Пишува на хрватски и на англиски јазик, а преведувана е на повеќе од 20 јазици. Нејзините главни интереси ги вклучуваат феминизмот, болеста и женското тело, како и политичката и идеолошката ситуација во посткомунистичките земји. Објавува и статии, колумни и политички коментари. Добитник е на „Наградата за европско разбирање“ во Лајпциг, а во 2010 година е прогласена за една од највлијателните европски писателки на нашето време. Живее на релација Хрватска – Шведска.