Project Description

Ричард Иванишевиќ е роден 27.01.1956 година во Битола. Дипломирал Историја на уметност на Филозофскиот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.
Од 1980 година објавува есеи, културолошки статии, студии, каталози, коментари, журнали и хроники за знаменити и познати автори и дела од македонската и светската ликовна заложба, од класична и модерна уметничка провениенција, во многу македонски списанија, соработник со повеќе печатени и електронски медиуми – осврти за уметност и култура.