Project Description
Решат Амети моментално работи како професор по сликарство, Факултет за ликовна уметност при “Државниот универзитет во Тетово” – Тетово, Северна Македонија. Роден е на 16 мај 1964 година во Гостивар, Република Северна Македонија.
Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во класата на проф. д-р Ана Темкова, а постдипломски студии завршил во 2002 година на Факултетот за ликовни уметности во Приштина, во класата на проф. д-р Реџеп Фери.
Решат Амети е меѓународно признат уметник, носител на Наградата за животно дело за уметност и култура како и многу други награди и признаниа од меѓународен и домашен карактер Неговите уметнички дела се во сопственост на многу музеи, културни институции и приватни колекции на светски познати личности како добитници на Нобелова награда, светски познати писатели, претседатели на држави итн.
Имал над 70 самостојни изложби, организирани претежно во странство.