Ордан Петлевски

/Ордан Петлевски
Ордан Петлевски 2024-11-12T18:01:57+00:00

Project Description

ОРДАН ПЕТЛЕВСКИ (24,08,1930-22,01,1997) Ордан Петлевски е роден 24,08,1930 година во Прилеп, и претставува една од клучните фигури на Македонската и Хрватската ликовна сцена. Студирал на Академијата за ликовни уметности во Загреб (1950-1955), при што ги одбира Загреб и Хрватска за свој траен животен и творечки дом. Во него тој ја остварува својата судбинска определба и во него тој цврсто стапнува на трагата на големата традиција-сликарството. Петлевски во сликарството всушност ја пронаоѓа својата најголема и најсуштествена татковина. Има реализирано престој во Париз 1959 година, каде учествувал на две групни изложби (на Првото Биенале на младите добива Меѓународната награда за сликарство). 1960 и 1968 во галеријата Lacloche има самостојни изложби, а 1964 година учествува на Мајскиот салон. Бил еден од иницијаторите за основање на Музејот на современа уметност во Скопје 1963 година. Контекстуалните рамки на сликарството на Петлевски се движат од фантастиката и надреализмот до енформелот и сликарството на материјата, типично со биоморфни облици на монохроматска позадина. Иако средишниот дел од творештвото на Петлевски се поврзува со енформелот, како доминантен правец во апстракцијата од 20 век, кај Петлевски секогаш станува збор за уникатен јазик и за преовладување на енформелот.

Самостојни изложби:

1961 – Париз, Галерија Lacloche
1962 – Загреб, Галерија на современа уметност; Белград – Салон на Модерната уметност
1963 – Париз, Галерија Lacloche
1968 – Сараево, Уметничка галерија, Загреб- Галерија на современата уметност
1969 – Белград, Салон на Музејот на современата уметност

Награди:

1959 – Меѓународна награда за сликарство на I биенале на младите во Париз
1960 – Премија на Југословенската академија на науките и уметностите на I загрепската изложба на графика во Загреб
1961- Награда на публиката -сребрен медал на IV “Швајцарска награда на апстрактното сликарство” во Лозана Награда за сликарство I триенале на ликовните уметности во Белград Награда за сликарство на IV салон во Риека
1962 – Награда на градот Загреб за сликарство
1964 – Награда на Музејот на современата уметност од Скопје на II триенале на ликовните уметности во Белград
1965 – Златен медал на II меѓународен симпозиум на пластичните уметности во Зиелона Гора (Полска)
1967 – Југословенска награда “Младо поколение” за ликовна опрема на збирка песни во Белград
1969 – Награда на Матица Хрватска; Награда на II изложба на југословенскиот цртеж во Загреб,
1970 – Откупна награда на VI загрепска изложба на графика во Загреб; Награда на Југословенската изложба “Син салон” во Риека; Награда на колонијата “Сиќево” во Ниш
1971 – Откупна награда за цртеж на III изложба на југословенскиот цртеж во Загреб

Related Articles