Милан Шељ

/Милан Шељ
Милан Шељ 2024-11-10T10:48:11+00:00

Project Description

Милан Шељ, поет, публицист и преведувач, дипломирал на Филозофскиот факултет во Љубљана во 1985 година, на групите Компаративна книжевност и Социологија. Од 1992 година живее и работи во Лондон. Неговата дебитантска поетска збирка „Подарок“ (ШКУЦ – Ламда, 1986) предизвика големо внимание и спаѓа во „најексплицитната гејовска поезија во словенечкиот простор“. Следуваа поетските збирки „Кристали сол“ (2010), „Градам замоци“ (2015), „Да го следиш неизговореното“ (2018) и „Јазикот е клуч“ (2023), сите во издавачката куќа ШКУЦ -Ламда.

Превод на неговите песни на хебрејски е поместен во антологијата „Синовите и внуците на Кавафис“ (2015) во Израел, а поширок избор на италијански јазик е застапен во списанието  Fili d’aquilone.  Во британското списание  The Riveter  излезе избор песни во англиски препев. Неговите песни се препеани и на други јазици.

Препевот на поетската зборка „Да го следиш неизговореното“ на англиски излезе во 2019 година во издавачката куќа  A Midsummer Night’s Dream  во Њујорк.

Неговиот препев на поетската збирка „Пред зимата“ од хрватскиот поет Ромео Михајловиќ излезе во 2022 год. во издавачката куќа Алеф. Моментно ја подготвува својата втора илустрирана збирка песни за деца.

Related Articles