Мањола Наси

/Мањола Наси
Мањола Наси 2025-06-12T19:34:05+00:00

Project Description

Мањола Наси (1982), албанска поетеса и преведувачка од Тирана, добитничка на наградата „Кристал Виленица“ во 2019 г. Стипендистка е на програмата Фулбрајт, докторирала книжевност на Универзитетот во Тирана, каде што и предава повеќе од една декада. Превела значајни дела од англиски на албански јазик. Нејзината прва стихозбирка, „Сонет на есента“, ја објавила во 2002 г. откако освоила книжевна награда за неа. Во 2017 г. освоила награда од Министерството за култура на Р Албанија, по што во 2018 г. ја објавила својата втора стихозбирка, „Патување и пол“, за која добила убави критики, а подоцна била наградена и со наградата за најдобра поетска збирка за 2018 година од платформата „Букинист“. Учествувала на многу книжевни настани, фестивали и резиденции. Освен на албански јазик, избори од нејзините песни се објавени во антологии и литературни списанија на англиски, италијански, словенечки, грчки, македонски, српски и на други јазици.

Related Articles