Project Description
Марко Томаш е роден во Љубљана, 1978 година.
Основно училиште посетувал во Мостар и Кљаиќево.
Завршил средно училиште во Сомбор.
Еден е од основачите и уредниците на списанието Колапс и придружната библиотека.
Објавувал новинарски текстови во босанско-херцеговскиот Dani, во Glas Istre и во Feral Tribune.
Раководел со култната сплитска книжарница Утопија.
Новинар е во порталот за вести zurnal.info.
Поезија и проза објавувал во босанско-херцеговска, хрватска и српска периодика.
Песните му се преведени на италијански, полски, германски, македонски и англиски јазик.
Живеел, студирал и работел во Сараево, Загреб и Сплит. Моментално живее и работи во Мостар.
Објавени книги:
L’ Amore Al primo Binocolo, со Недим Чишиќ, Мехмед Бегиќ и Веселин Гатал (2000)
Три по триестри еднакво на, со Недим Чишиќ и Мехмед Бегиќ (2000)
Со раце под глава (2002)
Мамо, јас сум успешен (2002)
Животот е шега (2005)
Марко Томаш и други песни (2007)
Збогум фашисти (2009)
Полноќни разговори, со Мехмед Бегиќ (2012)
Булевар на Народната Револуција (2013)
Изневерување на смртта – избрани песни (2014)
Ивица Осим – натпревари на животот, биографија (2014)