Project Description

Марија Ѓорѓиева Димова (р. 1973) е доцент по предметите Теорија на книжевност и Книжевна херменевтика на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Член е на Друштвото за компаративна книжевност на Македонија, на Европската мрежа за компаративни проучувања (REELC/ENCLS) и на Меѓународната асоцијација за компаративна книжевност (AILC/ICLA). Објавува есеи и студии од областа на книжевната херменевтика и теоријата на книжевноста.
Објавени книги:
Модели на интертекстуалност во романот (2004)
Метатекстови (2009)
Интенција и интерпретација (2011)