Project Description
Марија Полидури е грчка поетеса, родена во Каламата, во 1902 година, која умира на своја 28-годишна возраст од туберкулоза. Таа припаѓа на неоромантичарската школа. Своите први песни ги објавила на 14 години. Студирала право на Атинскиот универзитет, но големо влијание врз нејзиното пишување извршил поетот Костас Кариотакис, со кого имала и кратка бурна врска. Се омажила за адвокат, но по кратко време се разделила од него и заминала во Париз. Таму се разболува од туберкулоза и се враќа во Атина, при што е хоспитализирана. Тогаш ги објавува своите единствени две поетски книги: Црцорења што онесвестуваат и Ехо над хаосот. Пишувала и проза.