Project Description

Маријан Драгич е современ романски поет, роден 1953 год. Автодидакт, одвреме-навреме работи во редакции на книжевни списанија и издавачки куќи. Ги објавил следните поетски книги: За поетската уметност (1988), Партија билијард во руската шума (1995), Снајперистот (прво издание 1997 и второ издание 1998) и Црнкинка (во печат). Застапен е во повеќе антологии на современата романска поезија во Романија и во странство. Беше учесник на Струшките вечери на поезијата 1996.