Линдита Ахмети

/Линдита Ахмети
Линдита Ахмети 2025-02-08T12:33:38+00:00

Project Description

Линдита Ахмети (26 април 1973 – 8 април 2024 година) е родена во 1973 година во Призрен, дипломирала и магистрирала на Филозофскиот факултет во Скопје, на Институтот за класични студии. Работеше како научен соработник во Институтот за духовно и културно наследство на Албанците. Има објавено голем број збирки песни на албански јазик: „Малини и блуз“, „Островот Адулар“, „Божилак“, „Сама наспроти Ерос“, „Цветот алба“, „Од брезовата шума на татко ми“, „Соба без излезна врата“. На македонски јазик се издадени стихозбирките: „Камена месечина“, „Син сон“, „Призивање во април“, „Утрешните монети“ и „Акцентот паѓа врз Хермес“.  Нејзините дела се преведени и на бугарски и полски јазик. Ахмети беше и одлична преведувачка од македонски на албански, како и од албански на македонски јазик. Членка е на македонскиот ПЕН-центар. Била добитничка на наградата „11 Октомври“ во 2022 година.

Related Articles