Project Description
Катерина Гогу е грчка поетеса, авторка и актерка. Родена е во 1940 година, за време на Втората светска војна. Од својата 5-та година почнува да игра во детски претстави, така што нејзиниот актерски ангажман брои учество во над 30 филмови, што се должи и на нејзиниот брак со режисерот Павлос Тасиос. Нејзината поезија изобилува со револуционерни и агресивни ноти. Се декларирала како анархист, така што нејзиниот политички идентитет често се рефлектира и во нејзините песни. Бројни нејзини песни се појавуваат во грчкиот филм „Парангелија“. Умира во 1993 година, на 53-годишна возраст од прекумерно дозирање со таблети.