Project Description
Ирена Поповска е публицистка и граѓанска активистка. Ретката болест АЛС ја затекнува на крајот од студиите и почетокот на новинарската кариера во весникот„Дневник“. Губејќи ја физички јачината на својот кажан збор, пишаниот го запечатува нејзиниот идентитет.Така, таа пишува бројни критички и теориски текстови поврзани со уметноста и општествените појави во списанието „Маргина“, во магазините „Форум“ и „Граѓански“ и на порталот „Окно“. Паралелно дипломира Филозофија на лондонскиот Биркбек колеџ и
магистрира Општествена и културна теорија на британскиот Стафордшир универзитет. Пред три години го основа и води Центарот за поддршка на лицата со попреченост „ПРКОС“, каде работи на пробивање нови хумани патеки кои ги поврзуваат сличните и различните.