Project Description
Ирена Павлова де Одорико е македонска писателка, поетеса, романописец, новинарка. Родена е на 19 ноември 1967 година во Велес. Дипломирала и магистрирала на Општа и компаративна книжевност на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Работела како новинар во повеќе списанија и медии во сектор за култура, а со иста дејност се занимаваше и повеќе години во редакција за култура на ТВ Телма во Скопје. Во 2001 влегува мегу десетте финалисти за Европа за наградата: „Рома-Тиволи-Европа“. Во 2023 година ја добива наградата „Стојан Христов“ за најдобра книга од иселеник, што ја доделува Агенцијата за иселеништво при Струшки вечери на поезијата. Ја добила и наградата „Караманов“ за 2024 за ракописот „Новоженство“ за најдобра книга од македонски автор. Живее и работи во Венеција, Италија. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 2001 година. Ги објавила книгите: Велзевул, поезија, 1999, Номад, поезија, 2000, Новата Ева, поема, 2001, Деколте, поезија, 2004, Од другата страна на животот, есеи за Силвија Плат, 2010, Новиот човек, проза, 2011, Антологија на заборавените македонски поетеси: Шуплинова, Ручигај, Радмила Трифуновска, 2013, Пенелопа. нет, поезија, 2016, Пенелопа во Венеција, поезија, 2016, Љубовта на Марија од Магдала, поема, 2017, Емигрантка, роман, 2017, Просветлени песни, поезија, 2018, Потстанарка, роман, 2019, Светец, поема 2023, Афористичка татковина, афоризми, 2023, Јас сум Живка, поема, 2026.