Project Description
Ивана Трајаноска е писателка, интердисциплинарна истражувачка, преведувачка и професорка по англистика на Универзитетот Американ колеџ во Скопје. Таа е претседателка на Форумот на Меѓународната асоцијација за студии на зборот и на музиката (WMA), Грац. Авторка е на романите: „Разгледници“ (2008), „Деса“ (2021) и „Јета“ (2026). Ракописот на нејзиниот втор роман, „Деса“ ја доби наградата „Сребрен Пегаз“, за најдобар необјавен роман во 2020 година, а беше финалист за наградата „Роман на годината“ на Фондацијата „Славко Јаневски“ во 2021 година.