Project Description

литературен критичар и теоретичар. Родена во Охрид, 1961. Вонреден професор по Теорија на книжевноста и Методологија на литературните студии на Катедрата за Општа и компаративна книжевност, на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Дипломирала на Катедрата за компаративна книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје. Магистрирала на Филолошкиот факултет во Белград, 1989, теза: Типолошки модели на македонската книжевна критика. Докторирала на Филолошкиот факултет во Скопје, 1998 на тема Од дијалогизмот до интертекстуалноста (од Михаил Бактин до пост-структуралната критика).
Издала преку 100 написи, вклучувајќи и книги: Компаративна поетика (постмодернизмот во македонската фикција/новела, Скопје, 1996), Книжевно-теориски студии (Скопје, 1997), Културолошки есеи (Скопје, 2000), Од дијалогизмот до интертекстуалноста (Скопје, 2000), Заробеници на денот (избрани колумни), Блесок, Скопје, 2001.
Елизабета Шелева била уредник на Блесок критика