Елизабета Баковска

/, Автор/Елизабета Баковска
Елизабета Баковска 2023-03-14T14:17:44+00:00

Project Description

Елизабета Баковска (1969). Дипломирала и магистрирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на Катедрата за англиски јазик и книжевност. Докторирала на тема од областа родови студии на Институтот Евро-Балкан. Преведува, пишува поезија, проза и книжевна теорија и критика.

На македонски јазик ги превела Надин Гордимер, Вилијам Фокнер, Бора Ќосиќ, Давид Албахари. Нејзина поезија, проза и критички текстови се преведени и објавени на англиски, шпански, романски, бугарски, словенечки, српски, црногорски јазик.

 

Објавени книги:

Житие на нашата љубов, поезија (Маседониа Прима, 2003)

Четири годишни времиња: раскази за суштински нешта, раскази (Блесок, 2004)

Состојби на духот и телото по триесеттата, поезија (Блесок, 2005)

На пат кон Дамаск, роман (Слово, 2006)

Варварите сè уште пишуваат поезија, поезија (самостојно издание, 2015)

Сопствена соба, сопствено гето: женското писмо во современата македонска проза, книжевна теорија/критика (самостојно издание, 2016)

Тринаесет осврти за книжевни и слични дела, книжевна критика  (Блесок, 2018)

Последните голтки: раскази за суштински нешта, вторпат, раскази (самостојно издание, 2018)

Основоположниците на современата македонска уметност: детска енциклопедија (Ефектива, 2019)

Во главата слушам песна, раскази (Или-или, 2020)

Мајката и инаквите приказни, раскази за деца (самостојно издание, 2020)

Во главата пишувам расказ, раскази/фотокнига (коавторство со Сашо Димоски, самостојно издание, 2021)

Бакнежот на пролетта, бајка за деца (Арс ламина – публикации, Либи, 2022)

Сите болки станаа мои, поезија (самостојно издание, 2022)

Related Articles

Автор

Translator