Project Description

Gil Scott-Heron (1949). Се смета за еден од зачетниците на рап музиката во САД; Гил Скот-Херон во раните седумдесетти почнал да ја рецитира својата поезија со едноставна придружба на конги и ударни инструменти. Неговата песна Револуцијата нема да биде на телевизија (The Revolution Will Not Be Televised), иронична и силна критика против тривијализацијата на општествените движења од страна на масовните медиуми во САД, е неговиот најпознат перформанс. Во времето во кое започнал да пишува и да пее, како дел од големото движење за човекови права на американските Црнци, тој бил не само општествен, туку и музички активист, како во својата поетика, така и во смисла на џез музиката.