Project Description
Владислав Бајац (1954) е српски писател, преведувач и издавач. За романот „Амамот Балканија“ ја добива меѓународната награда „Балканика“ во 2008. Повеќе негови книги се преведени и на македонски јазик, како „Книга за бамбусот“, „Друидот од Сингидун“, „Црна кутија“„ Бегство од биографија“, „Европо експрес“. Неговите книги се преведени на дваесетина јазици, а многу негови дела се адаптирани за театарски претстави. За книгата „Хроника на сомневањето“ ја добива наградата „Меша Селимовиќ“ за најдобра книга во 2017 година. Сопственик е на познатата издавачка куќа „Геопоетика“ од Белград.