Project Description
поет, раскажувач, романсиер, книжевен и ликовен критичар, есеист, антологичар, преведувач. Роден во Скопје 1934 година. Завршил Филозофски факултет во Скопје. На Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје хабилитирал во 1981 година, а докторирал во 1987 година. Работел како соработник и уредник на Редакцијата за култура и уметност на Телевизија Скопје. Во 1982 година е избран за доцент на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје, на кој од 1988 година е редовен професор. Бил уредник на списанието „Разгледи“. Дописен член на меѓународната „Академија Маларме“ во Париз и редовен член на Европската поетска академија со седиште во Луксембург. Член на МАНУ. Член на Македонскиот ПЕН центар. Член на ДПМ од 1961 година.
Автор е на книгите: Еден друг град (поезија, 1959), Невиделица (поезија, 1962), Вкусот на праските (роман, 1965), Манекен во пејзажот (поезија, 1967), Летен дожд (поезија, 1967), Знаци (раскази, 1969), Врсници (критики и есеи, 1971), Ноќниот пајтон (раскази, 1972), Ѕвездена терезија (поезија, 1973), Нуркачко ѕвоно (поезија, 1975), Сонувачот и празнината (поезија, 1979), Мрежа за неуловливото (критики и есеи, 1980), Лов на еднорози (раскази, 1983), Компасот на сонот (поезија, 1984), Нишката на Аријадна (критики и есеи, 1985), Хипнополис (поезија, 1986), Подземна палата (есеи, 1987), Демони и галаксии (студија, 1988), Панична планета (поезија, 1989), Алдебаран (записи и патописи, 1991), Митската оска на светот (критики и есеи, 1993), Ризиците на занаетот (поезија, 1993), Мојата роднина Емилија (роман, 1994), Паники (поезија, 1995), Дворскиот поет во апарат за летање (роман, 1996), Париски приказни (записи и патописи, 1997), Астролаб (критики и есеи, 2000), Дива лига (роман, 2000). Составувач е на антологиите: Црниот бик на летото (1963), Француска поезија – ХХ век (1972), Црна кула (1976), Современа македонска поезија (на српскохрватски, 1978), Космос в амбар (на холандски јазик, 1980), Кула (на узбечки јазик, 1981).
Добитник е на наградите: „Браќа Миладиновци“ (1967, 1973 и 1986), „Григор Прличев“ (1974 и 1989), „Рациново признание“, „Кирил Пејчиновиќ – Тетоец“ и на „Младост“ и „Нолит“.