Project Description
![Бојан Шашевски](https://blesok.mk/wp-content/uploads/media/authors/bojan-shashevski.jpg)
Бојан Шашевски (роден на 06.04.1984 Скопје, Македонија), е дипломиран новинар на правниот факултет „Јустинијан Први“. За време на студирањето е дел од неколку неформални организации, практикант низ повеќе медиуми, а сега вработен во дневното печатено гласило „Утрински весник“. Има сертификат за ЕУ-новинар од обуката во МЦЕО. Своевремено актер во студентски филмски проекти. Примарно беше стручен соработник, а од 2010 година е ко-уредник и водител во емисијата „Психоделични фреквенции“ на независното радио „Канал 103“. Пишува проза и поезија.