Project Description

Ана Ѓокиќ – писателка, книжевна критичарка, драматург
Родена е во 1965. во Белград каде има завршено студии по филозофија на Филозофскиот факултет. Живее во Загреб каде професионално се занимава со пишување на драмски и прозни текстови и организирање на национални и меѓународни манифестации и фестивали.
Досега има објавено преку триесет романи, драми, збирки раскази и сликовници. Нејзините текстови се преведени, објавувани и играни во Хрватска, Словенија, Србија, Македонија, Франција и Германија.
Ги има освоено наградите: Marin Držić, Mali Marulić, Grigor Vitez, Mato Lovrak, Ovca u kutjii
Книжевни признанија: двократен финалист за наградата Fran Galović, наградата на театарот Trešnja, признанието White Ravens за најдобра хрватска книга за деца.
Како уредничка има издадено преку триесет книги на современи хрватски автори и три антологии на современата хрватска проза за деца и млади – Антологија на хрватски прозни текстови за тинејџери 1970- 1990. / Антологија на хрватски прозни текстови за тинејџери 1991. -2010. / Антологија на современата хрватска бајка.
Активно се бави со популаризација на уметноста меѓу широката публика, особено популаризација на книги и книжевност и ликовна уметност. За таа цел во 2004. ги започнала Фестивалот на книгата и книжевноста PAZI, KNJIGA!, истата година и книжевно-ликовната награда OVCA U KUTIJI за најдобра хрватска сликовница, 2012. меѓународната патувачка изложба на илустрации VOLI ME / NE VOLI ME, 2012. книжевните трибини KNJIGE NA KAUČU и меѓународниот проект KNJIGE U CIPELAMA.
Била иницијатор и прв уметнички водител (2003. – 2007.) на првото здружение на писатели и илустратори за деца и млади AUTORSKA KUĆA.
Од 2007. го води здружението KNJIGA U CENTRU преку кое и ги реализира поголемиот дел од своите уметнички активности.