Ана Пејчинова

/Ана Пејчинова
Ана Пејчинова 2026-11-01T15:59:17+00:00

Project Description

Ана Пејчинова дипломирала општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, докторирала на Катедрата за компаратистика при Карловиот универзитет во Прага (2002), а магистрирала политички науки на Централноевропскиот универзитет во Будимпешта (2006). На македонски јазик, ги има објавено книгите: Деогае (1995), Ѕверот и проѕирот (1997), Златните раце на демонот (1999), Чувари на малите нешта (2025), како и книгите Авгански дневници (2008) и Пустинско срце (2026). Избор песни на англиски јазик е публикуван како дигитална книга на Kindle/Amazon Books под насловот Guardians of the Tiny and Tender (2025). Добитник е на наградата „Млада Струга“ (1995), а Чувари на малите нешта била финалист за наградата „Ацо Шопов“ на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ). Како книжевен преведувач, има објавено препеви на значајни автори, главно од англиски: епот Четирите Зои од Вилијам Блејк (I изд. 2007, II изд. 2013), Светлини и сенки — поезија од Елен Дорион од француски јазик (2003), стихови од Руми (вклучени во Класична персиска поезија, 2015) и Избрани песни од Радјард Киплинг (2024). Добитник на наградата „Драги“ за најдобар препев за 2026 година.

Related Articles