Ана-Марија Бранѓолица

/Ана-Марија Бранѓолица
Ана-Марија Бранѓолица 2024-11-08T18:49:24+00:00

Project Description

Ана-Марија Бранѓолица е родена во Скопје, Република Македонија, каде што го завршува своето основно и средно образование, по што дипломира на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје, на Катедрата по македонски јазик и јужнословенски јазици, каде што се стекнува со звањето професор по македонски јазик и книжевност.

Пo положениот државен лекторски испит, ги продолжува своите постдипломски студии на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје, на научната група Македонска книжевност, каде што по магистрирањето со темата „Бајачките обреди како дел од македонската народна култура“ се стекнува со звањето магистер по филолошки науки.

Во периодот од 1998 до 2024 година Ана-Марија Бранѓолица работи како новинарка во повеќе електронски и печатени медиуми, како координаторка за односи со јавноста во Медија-центарот на Координативното тело за справување со кризи при Владата на РМ и како координаторка на два проекта од областа на образованието финансирани од УСАИД и Министерството за образование. Во последните години, таа е активна во јавниот сектор, во областа на односи со јавноста.

„Бајачките обреди како дел од македонската народна култура“ е нејзина прва објавена книга.

 

 

 

Related Articles