Рецензија за Џенат Дрековиќ

/, Галерија, Блесок бр. 117/Рецензија за Џенат Дрековиќ

Рецензија за Џенат Дрековиќ

Рецензија за Џенат Дрековиќ


Затворот е опсесивна тема на уметноста од нејзините модерни зачетоци до денеска. Во него, без сомнение, се содржи самата суштина на модерната визија на човековото општество и цивилизациски структури на надзор и казна, од онаа кафкијанска слика на замокот како фантазмагорично и просторно непојмливо средиште на моќта до постојаниот процес што инстуциите на општествениот систем го водат против човекот. Фуко затворот го определува како друг простор, т.е. хетеротоп во кој до полн израз доаѓаат општествените постапки на дисциплинирање и казнување, па во согласност со тоа просторот на затворот и организацијата на животот во него се најпрецизна слика на општествените норми и хиерархиски структури на моќта. Ставот на Андриќ, според кој затворот најдобро го покажува карактерот на некоја власт, а луѓето во него суштината на нејзиниот правен поредок, доаѓа од сознанието на природата на тоталитарните општествени обрасци. Проклета авлија е мрачна слика на затворот во кој од слобода не се лишени само затворениците, туку и управителите – имено, самата власт која поради паранојата која го зафатила системот од дното до врвот не може да излезе од затвор, било тој да е ментален, внатрешен или вистински со манифестации на насилство, мачење и обвинување без вина и судски процеси кои се вон законската норма.

Токму онака како што политиката стана онтологија на модерниот човек, затворот стана нејзин мртов дом и клучен онтолошки топос, како што во своите Записи од подземјето и Записи од мртвиот дом пишуваше Достоевски, кој ги искуси не само сибирскиот затвор, туку и осудата на смртна казна.

АвторЕНВЕР КАЗАЗ
ПреводЕлизабета Баковска
2018-09-25T13:02:29+00:00 јануари 3rd, 2018|Categories: Осврти, Галерија, Блесок бр. 117|